Русија ќе испорачува електрична енергија и јаглен во Украина
Русија одлучила на Украина да и испорача 500.000 тони јаглен месечно, како и електрична енергија, како таа земја би се спасила од енергетските проблеми со кои се соочува, изјави потпретседателот на руската влада Димитриј Козак.
Притоа не ја исклучил можноста за испорака на додатни 500.000 тона доколку биде постигнат одговарачкиот договор.
Козак рекол дека одлуката е донесена на молба на украинското раководство, а јагленот ќе се испорачува по овластени цени како на рускиот пазар. Рускиот вицепремиер не прецизирал колку струја ќе и биде испорачувано на Украина.
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјавил дека во Украина во петокот тргнале композициите со јаглен кои ќе осигураат стабилна работа на електраната, како и дека ќе биде осигурана количината на струја која ќе го намали ризикот од исклучување на потрошувачите во време на најголемо оптеретување.
