Русија ќе добие германски инвестиции вредни 600 милиони евра
Во германскиот град Минхен е потпишан договор за германски инвестиции во Русија.
Вкупните инвестиции ќе чинат околу 600 милиони евра. Проектот предвидува директни инвестиции во висина од 200 милиони евра. Со поддршка на Генералниот конзулат на Русија во Минхен потпишан е инвестициски договор меѓу гувернерот на Калужската област, Анатолиј Артманов и фирмата „Кроноспан‟ за отворање на фирма за производство на плочи од дрво и влакна на територијата на регионот.
Слично
