Русија ќе приватизира пет државни компании
Руските ресорни министерства и агенциите почнуваат подготовка на проспекти за приватизација на пет стратешки државни компании, чии пакети можат да бидат продадени оваа година.
Тоа го најави министерот за енергетика Александар Новак коментирајќи ги на телевизијата Русија 24 резултатите од седниците на владата, на кои во четвртокот беше разговарано за измена на планот за приватизацијата за 2013 година.
Министерството за економски развој на седница на владата поднесе предлог за можност за идна приватизација на пет стратешки компании.
Се работи за авионската компанија Аерофлот, московскиот аеродром Шереметјево, телекомуникациската компанија Ростелеком, Обединетата компанија за жито и нафтената компанија Росњефт.
Слично
