Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ја зајакнува војската на Крим

Русија ја зајакнува војската на Крим

Војската на Русија денеска најави дека ќе ја зајакне воената флота во Црното море, чија главна база е во Крим, украинскиот полуостров кој Москва го анектираше во март годинава.

„Денеска почнавме зајакнување на Црноморската флота“, изјави адмиралот Александар Витко во порака која ја пренесе прес-службата на флотата.

Тој најави зајакнување на морнарската авијација, бреговата артилерија, изградба на бродови и подморница.

Вчера  претседателот Владимир Путин изјави дека Русија „треба да ја обнови воената инфраструктура“ во Севастполе, Крим, „за да ја зајакне одбраната на земјата“, како одговор на присуството на НАТО  во Источна Европа, а посебно во Црно и Балтичко море.

Повеќе од 86 милијарда рубљи (1,75 милијарда евра) до 2020 година треба да се вложат во Црнморкста флота, објави во мај оваа година министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Руската флота е во Крим од 18 век, а таму е по договор со Киев, останала и бидејќи Украина во 1991 година прогласила независност.

Слично

Поврзани вести