РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја
Жители на украинскиот град Харков останаа без електричната енергија. Русија ја уништи енергетската инфраструктура.
Русија го користи моментот на недостиг на воздушна одбрана на украинските сили.
Русија сака да ги принуди жителите на градот, но и оние во неговата околина да го напуштат со цел полесно да може да делува за остварување на своите цели.
Во моментов скоро 200.000 жители се соочуваат со недостиг на струја, додека 50 отсто од регионот страда од прекини во пресрет на засилената воздушна кампања на Москва која почна кон крајот на март годинава.
Олха Безбородова, мајка на четири деца од Рубижне, регионот Харков вели дека поради недостигот на струја не работат ниту пумпите за вода, па домаќинството е ставено во безизлезна ситуација.
Слично
