Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА ЈА СПУШТА РАМПАТА:Забрана за влез во земјата

РУСИЈА ЈА СПУШТА РАМПАТА:Забрана за влез во земјата

Русија ги продолжи ограничувањата за патување за европските граѓани како одговор на најновиот пакет санкции на Европската унија, кој стапи на сила.

Списокот на претставници на институциите на ЕУ и поединечни земји-членки на кои им е забранет влез во земјата е „значително проширен“, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва.

Новите ограничувања се однесуваат на безбедносните службеници, бизнисмени и членови на Европскиот парламент, но имињата не се објавени.

Единаесеттиот пакет санкции на ЕУ од почетокот на руската војна против Украина пред 16 месеци се фокусира на заобиколување на трговските ограничувања и вклучува помалку кинески компании од првично планираното.

Најновиот пакет санкции на ЕУ забранува транзит преку Русија на стоки и технологија што би можела да ги користи руската војска или да му помогне на нејзиниот одбранбен и безбедносен сектор.

Се воведуваат ограничувања за продажба на чувствителни стоки и технологија за двојна употреба на земји кои би можеле да и ги продаваат на Русија, а се проширува и листата на забранети стоки кои би можеле да служат за рускиот воен и одбранбен сектор.

Пакетот го продолжува суспензијата на дозволите за емитување во Европската унија за пет руски медиуми под контрола на државата.

ЕУ додаде 71 лице и 33 компании и организации на списокот

ЕУ веќе воведе забрана за увоз на руска сурова нафта и нафтени деривати, а сега пристапот до европските пристаништа е забранет за бродови за кои постои основано сомневање дека се вклучени во трансферот на руска нафта од брод на брод со цел да се заобиколи забрана.

На санкционираната листа се додадени 71 физичко и 33 правни лица. Имотот на тие лица и правни лица во ЕУ е замрзнат, меѓу другото, и поради тоа што учествувале во илегалната депортација на украински деца во Русија.

Слично

Поврзани вести