Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ја спушта рампата за производи од БиХ

Русија ја спушта рампата за производи од БиХ

На сила стапи привремената забрана за увоз на производи од БиХ во Русија.

Руската ветеринарна и фитосанитарна регулаторна компанија „Роселкхознадзор“ од денеска воведува привремена забрана за увоз на производи од Босна и Херцеговина, заради недостаток од потврди за безбедноста на производите.

Забраната посебно се однесува на увозот на производи преку трети земји.

„Ограничувањето се воведува заради недостаток од информации за фитосанитарниот статус на Босна и Херцеговина, како и заради одбивањето на Министерството за надворешна трговија на БиХ да ја прифати инспекцијата на „Росселкхознадзор“ која требаше да ја спроведе фитосанитарната контрола на системот“- стои во соопштението.

Извозот од БиХ во Русија лани значително е зголемен, посебно за овошјето и зеленчукот. Во првите шест месеци од 2014 година од БиХ во Русија беа извезени овошје и зеленчук во вредност од 27.000 евра. Во истиот период лани во Русија се извезени само јаболка и круши во вредност од над пет милиони евра.

Договорот за трговија меѓу БиХ и Русија е во функција 11 години.

Слично

Поврзани вести