Русија ја сопре доставата на делови за воена опрема во непријателските земји
Русија го прекина снабдувањето со резервни делови за руската и советската воена опрема на непријателските земји и ги одзема лиценците за правото за нивна поправка. Ова за Интерфакс го соопшти шефот на Федералната служба за воена техничка соработка (ФСВТС) на Русија, Дмитриј Шугаев.
За време на форумот „Армија-2023“, Шугаев изјави дека како одговор се преземаат вакви мерки поради трансферот на опрема во Украина.
- Конкретно, на претпријатијата им се укинуваат лиценците за право на поправка на воена опрема од руско и советско производство. На пример, на голем број претпријатија лоцирани во Бугарија и Чешка, одземени им се лиценците за поправка на хеликоптери од типот „Ми“, рече Шугаев.
- Суспендирани се и испораките на резервни делови и компоненти за авијација и друга опрема од руско/советско производство лоцирано во непријателски земји, прецизира Шугаев.
Тој додаде дека агенцијата внимателно го следи трансферот на военото производство кон трети страни и потсети дека таквите испораки се можни само откако купувачот ќе обезбеди сертификат за краен корисник. Согласно овој документ, увозникот „се обврзува да не ги пренесуваат примените производи на трети лица без службено согласност од руската страна“, прецизира шефот на одделот.
Во јуни, ФСВТС соопшти дека руското оружје илегално се реекспортира во Украина и тоа често завршува на црните пазари. Пред тоа, агенцијата ја обвини Словачка за грубо кршење на меѓународните обврски во врска со реекспорт на оружје од руско производство со префрлање на авионите МиГ-29 во Украина. За пренос на овие авиони во Киев го обвини и полскиот претседател Анджеј Дуда.
