Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ја смени целта - ќе ги уништуваат националистичките баталјони

Русија ја смени целта - ќе ги уништуваат националистичките баталјони

Кремљ третпат објави нова главна цел на инвазијата на Украина. 

„Главната цел е ослободување на Украина од националистичките баталјони. Операцијата продолжува, поставените задачи се добро познати. Тие мора да се завршат и ќе се завршат, нема сомнеж во тоа“, рече портпаролот Димитри Песков.

Портпаролот на  рускиот претседател Владимир Путин додаде дека веќе се воспоставува мирен живот во областите во кои милитантите не земаат цивили како заложници и не пукаат во куќите.

„Што се однесува до местата каде што националистичките баталјони прават такви работи, се водат жестоки битки. Тие ќе бидат уништени“, додаде Песков.

Кога рускиот претседател Владимир Путин го најави почнувањето на инвазијата, рече дека главните цели се демилитаризација и денацификација на Украина, а потоа објави дека главна цел на војната е ослободување на Донбас, областа во источна Украина. 

Слично

Поврзани вести