Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија искористи вето во ОН за Крим, но не очекува нова Студена војна!

Русија искористи вето во ОН за Крим, но не очекува нова Студена војна!
Москва стави вето на резолуцијата која требаше да биде изгласана во Обединетите нации за ситуацијата во Украина и со која утрешниот референдум на Крим требаше да биде прогласен за невалиден. Во резолуцијата се наведуваше дека референдумот не е признаен од страна на украинските власти и се повикуваа сите страни, меѓународни организации и агенции да не признаваат никаква промена на статусот на Кримската област. Ветото од Русија беше очекувано со оглед на тоа што таа го има тоа право како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, а во изминатите денови и активно го зголемува своето воено присуство во Крим. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков сепак е сигурен оти нема да има нова Студена војна заради ситуацијата во Украина. „Со цела душа се надеваме дека и ние и нашите партнери имаме доволно политичка мудрост, чувство за политички реализам за да избегнеме впуштање во подлабок судир, идеолошки или поинаков, заради Украина“, рекол гласноговорникот на Путин. Песков нагласил дека Западот и Русија се меѓусебно економски зависни. „Заинтересирани сме за развој на соработката и не би сакале она што се случува во Украина да има спротивен ефект“, додаде Песков. Но, според американскиот амбасадор во ОН Саманта Пауер, доколку се потврдат информациите на Киев дека руската војска влегле во јужните области на Украина, а не само на Крим, тоа би била „скандалозна ескалација“. „Треба да се анализираат тие информации. Ако Русија дополнително се вмешала – повеќе од она што го направи во Крим, и ако ја преминале границата во јужниот дел од Украина, тоа би била скандалозна ескалација!“, додаде Пауер.
Слично

Поврзани вести