Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија имаше неуспешен обид да премине река во Донбас, Украина тврди дека убила 1.000 војници

Русија имаше неуспешен обид да премине река во Донбас, Украина тврди дека убила 1.000 војници

Украинците ги спречиле руските сили да поминат клучна река во источна Украина. 

Украинското Министерство за одбрана денеска објави слики од оштетениот руски понтонски мост над реката Сиверски Донец, а има и неколку уништени или тешко оштетени руски воени возила во близина.

„Артилерите на 17-та тенковска бригада на #UAarmy ја отворија празничната сезона за (руските сили). Некои се капеа во реката Сиверски Донец, а некои беа изгорени од мајското сонце“, стои во соопштението на министерството.

Информацијата ја потврди и Британското Министерство за одбрана.  Русија изгубила „значајни“ елементи од најмалку една тактичка група на баталјонот или околу 1.000 војници. 

Нападот на Билохоривка е планиран да ги опкружи градовите Северодонецк и Лисичанск. Да успееше, украинските бранители ќе беа отсечени од засилување и повторно снабдување, и ќе имаа слична судбина како оние во Мариупол.

Се појавија разузнавачки информации дека војната во Украина ќе доживее пресврт во август и ќе трае до крајот на годинава. 

Шефот на украинската воена служба, генерал-мајор Кирило Буданов кажа дека „војната тече толку добро што се очекува пресврт во август и истата ќе заврши до крајот на 2022 година“.

Слично

Поврзани вести