Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА ИМА МНОГУ ПРИЈАТЕЛИ И НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗОЛИРАНА: Подготвени сме за нови санкции, Лавров со коментар за силниот притисок од Запад

РУСИЈА ИМА МНОГУ ПРИЈАТЕЛИ И НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗОЛИРАНА: Подготвени сме за нови санкции, Лавров со коментар за силниот притисок од Запад

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров во интервју за Ал Џезира вели дека Москва е подготвена за нови санкции поради воената операција во Украина, но дека е изненаден од репресалиите против спортистите и медиумите, пренесува RT.de.

Тој ги објасни целите на воената операција и како што посочува таа е насочена кон разоружување во Украина. „Русија нема да дозволи Украина да се здобие со нуклеарно оружје“, рече Лавров.

Претходно, во својот говор на Минхенската безбедносна конференција, украинскиот претседател Володомир Зеленски ја разгледа можноста да се повлече од Меморандумот од Будимпешта и со тоа да го врати својот нуклеарен арсенал.

Лавров во интервјуто ги обвини западните земји за ескалација на кризата, пред се дека Западот одбива да разговара со Русија за нова безбедносна архитектура во Европа.

Министерот за надворешни работи објави дека неговата земја се подготвила за нови санкции. Владата во Москва сепак е изненадена од санкциите врз медиумите и спортистите:

„Бевме подготвени за санкциите, но не очекувавме дека тие ќе удрат спортисти, интелектуалци, актери и медиумски професионалци. Во исто време, Лавров го стави во перспектива обемот на неодамна воведените санкции. Русија има многу пријатели ширум светот и не може да биде изолирана.

ФОТО: EPA/SALVATORE DI NOLFI/POOL

Слично

Поврзани вести