РУСИЈА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА САД: Ви спремаме нешто посебно!
Русија ќе изберe специјален одговор на американското проширување на антируските санкции, изјави денеска званичната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Одговорот на нивните санкции ќе има набрзо. Ќе избереме нешто посебно за нашите американски колеги” – рече Захарова на брифингот со новинарите.
Инаку, вчера САД ја прошири листата за санкции со 34 руски компании и поединци.
Од министерството за финансии на САД изјавиа дека оваа постапка е направена со цел да се изврши притисок на Русија поради интервенцијата во Украина.
Слично
