Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија им се закани на оние кои праќаат оружје во Украина

Русија им се закани на оние кои праќаат оружје во Украина

Испораките на оружје на САД и НАТО ќе бидат легитимни цели за руската војска, порачаа руските власти. Ова го кажа рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС. 

Рјабков вети дека ќе ја спречи западната воена помош за Украина. 

„Ги доведуваме Американците и другите западњаци до сознанието дека обидите да се забави нашата специјална операција, нанесувајќи максимална штета на руските контингенти и формации на ДПР и ЛПР (Народни републики Доњецк и Луганск) ќе бидат сериозно потиснати. Предупредуваме дека пратките со оружје од САД и НАТО на украинска територија ќе ги сметаме за легитимни воени цели“,  рече тој.

За санкциите рече дека придонесуваат да се развијат одредени сектори во Русија, како што е земјоделството.  Украина и натаму бара оружје за да може да се брани. Во повеќе наврати властите бараа оружје од западните земји. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести