Русија им нареди на американските авиони да ја напуштат Сирија
Руските власти побарале во средата американските авиони да го напуштат воздушниот простор над Сирија, објавија официјален претставник на САД за телевизијата „Fox News“.
Според изворот, руски дипломати испратиле официјален демарш, рангиран за авионите на САД да ја напуштат Сирија, и додава дека руски борбени авиони сега летаат над сириската територија.
Американски воени извори коментираат за телевизијата дека авионите нема да се усогласат со руското барање.
„Ништо не покажува да ги менуваме операциите над Сирија“, вели претставник на силите за одбрана.
„Ние ги имавме сите индикации во последниве недели дека Русите ќе направат нешто, имајќи го предвид зголеменото присуство“, вели друг извор од армијата на САД.
Преземените активности од Москва ја нагласуваат сериозната ескалација на тензиите помеѓу САД и Русија во врска со воените дејствија од војната во Сирија, наведуваат американските медиуми.
