Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија им исплати долг од 2 милијарди долари на Србија и Словачка

Русија им исплати долг од 2 милијарди долари на Србија и Словачка

Русија го исплати долгот кон Србија и Словачка во висина од 2 милијарди долари што е направен во време на Советскиот Сојуз, соопшти руското Министерство за финансии.

Долгот кон Србија изнесуваше 288,8 милиони долари, а долгот кон Словачка изнесуваше 1,7 милијарди долари.

Целиот долг, кој датира уште од времето кога постоеа Чехословачка и Југославија, е вратен најголем дел во стока, а еден дел во пари, пренесува агенцијата Франс Прес.

Руското министерство наведе дека до крајот на година ќе ги исплати и преостанатите долгови кон Финска, Чешка и Црна Гора.

Слично

Поврзани вести