Русија игра опасно со нуклеарки меѓу Полска и Литванија
Естонското разузнавање има нови информации за поставување на руски нуклеарни ракети во Калининград, кој е руска енклава меѓу Полска и Литванија, со што заканата од нееднакво вооружување на силите на НАТО се зголемува.
Разместувањето на ракетни комплекси од типот „Искандер-М“ може да биде само за покажување на сила за политички цели без реално да се закани безбедноста на НАТО членките, но секако е потег кој може биде причина за загриженост во САД и Европа, оценуваат аналитичарите.
Командантот на ракетните војски и артилеријата на Копнените сили на Русија генерал-мајорот Михаил Матвеевски во мај 2015 година најави дека ракетната бригада во Калинградската област до 2018 година, како и сите други руски ракетни бригади, ќе биде опремена со оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“.
