РУСИЈА И УКРАИНА СО РАЗЛИЧНИ ТВРДЕЊА: Под чија контрола е Соледар?
Русија и Украина пласираа различни информации за тоа под чија контрола е Соледар во источна Украина.
Украинските вооружени сили ги негираа руските тврдења дека Русија веќе го контролира малиот град Соледар, јави ДПА.
„Русите велат дека Соледар е под нивна контрола. Тоа не е точно“, изјавија денеска украинските вооружени сили.
Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно тврдеше дека неговите борци ја презеле контролата врз Соледар. Низ тој град минува мрежа од патишта и железници преку кои се снабдуваат украинските војници во Донбас.
Украински војник, кој се бори на источната страна на Соледар, за Си-Ен-Ен изјави дека ситуацијата во градот е критична.
„Се одржуваме колку што можеме до крај“, изјави војникот.
Војникот објасни дека од вторникот вечер не е јасно колкав дел од градот е под руска контрола.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека во текот на 2023 година ќе се прошири арсеналот на модерно ударно оружје на руската армија.фото принтскрин
