Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија и Украина се договорија, на Европа и олесна!

Русија и Украина се договорија, на Европа и олесна!
Москва и Киев ставија потгпис на договорот што треба да ја гарантира испораката на гас за Украина во текот на зимата. Потписот беше ставен и покрај екстремно заладените и тензични односи меѓу двете земји. Европската унија, под чие покровителство беше постигната спогодбата, исто така може да почувствува олеснување, бидејќи рускиот гас преку Украина доаѓа и до европските земји. „Ова е важен чекор за заедничката европска безбедност на европскиот континент. Сега нема причина за граѓаните да се плашат дека ќе им биде ладно оваа зима“, изјави претседателот на Европската комисија во заминување Жозе Мануел Баросо. Спогодбата беше постигната по дводневни маратонски преговори, кои завршија нешто пред зори вчера со барање од Русија Европската унија да гарантира дека Украина ќе ги исплати сите неподмирени обврски, како и испораката до март следната година. Врз основа на договорот, Украина треба да и плати на Русија 1,45 милијарди долари веќе во следните неколку дена за испораката на гас да биде обновена, а до крајот на годината треба да го исплати и остатокот од долгот во висина од 1,65 милијарди долари. Се очекува ЕУ финансиски да помогне Киев да си ги исплати обврските кон руски Гаспром. Доколку овој дел од договорот се испочитува, Москва прифати да ја спушти цената на гасот за Украина за околу 100 долари, односно на 385 долари за 1.000 метри кубни.
Слично

Поврзани вести