Русија и Украина пред нова трговска војна за гас?
Русија ќе побара Украина да започне да однапред да плаќа за испораките на гас , ако Киев не почне да ги отплатува заостанатите долгови за гас предупреди премиерот Дмитриј Медведев, пренесе АП.
Медведев реагира на изјавата на извршниот директор на гасниот монопол Гаспром, Алексеј Милер , кој објави дека Украина должи на Русија 882 милиони долари за испораките на гас во август . Крајниот рок за плаќање е истечен на 1 октомври.
Милер нагласува дека Газпром и платил на Украина 1 милијарда долари за транзит на гас кон Европа , за да може Киев да обезбеди гас за оваа зима .
Изјавата на Медведев сепак се смета како уште еден обид за притисок на Москва над Киев поради евентуалниот договор за слободна трговија со Европската унија ( ЕУ), истакнува новинската агенција.
Ројтерс пак потсетува дека претходно Русија навести дека цените на гасот, определени од Украина како " прекскапи" , може да се намалат ако земјата се приклучи кон Царинската унија - трговска организација која ги обединува Русија и поранешните советските републики .
Во неделата рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Виктор Јанукович се состанаа во Сочи, но не беше објавено дали се разговарало за проблемот со снабдувањето со гас е разговарано.
Гаспром ја повика Украина веднаш да го плати долгот , што повторно ги зајакна стравувањата за обновување на " гасната војна " меѓу двете држави , наведува Ројтерс .
Слично
