Русија и Украина ја направија првата размена на заробеници
Украина и Русија разменија заробеници, соопштија украински и руски претставници.
Ова е прва вистинска размена на воени заробеници со Русија од почетокот на руската офанзива врз Украина.
„Во замена за десет заробени окупатори, вративме десет наши војници“, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
Освен тоа, во Русија беа испратени осум руски цивилни морнари, преживеани од бродот што потона во Црното Море кај Одеса, а за возврат во Украина беа вратени 19 цивилни морнари заробени од Русите.
„Ја потврдувам информацијата за размена на десет руски војници приведени на украинска територија за 10 украински војници. Имаше и размена на руски цивилни морнари за украински цивилни морнари“, изјави руската претставничка за човекови права во Кремљ, Татјана Москалкова.
На 24 минатиот месец, Русија ја нападна Украина. Сега Русија споменува поделба на Украина.