Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија и Украина без договор

Русија и Украина без договор
Москва и Киев не постигнаа договор за намалување на цената на рускиот гас и приклучувањето на Украина кон царинската унија која ја предводи Русија. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјавил дека Путин и Виктор Јанукович вчера во Сочи разговарале за соработка во областа на енергетиката. „Не е постигнат никаков конечен договор“ - рекол Песков, пренесува Ројтерс. На веб страната на Јанукович е наведено дека состанокот би лфокусиран на трговијата и економската соработка, како и подготовките за иден договор за стратешко партнерство. Поедини украински медиуми известија дека двајцата лидери разговарале за руската понуда да и обезбеди на Украина најмалку 12 милијарди доалри заем и гас по поволна цена, доколку Киев остане при одлуката да не потпише договор за приклучување кон ЕУ, наведува АП.  
Слично

Поврзани вести