Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија и се закани на Данска со нуклеарни напади

Русија и се закани на Данска со нуклеарни напади

Русија се закани дека ќе употреби борбени бродови на Данска со нуклеарно оружје, ако Нордиската држава се приклучи кон противракетниот штит на НАТО.

Рускиот амбасадор во земјата, изјавил дека ако Копенхаген преземе чекори за подобра интеграција со Алијансата, тоа ќе се смета како „закана за Русија“ и тогаш Данска ќе мора да ги издржи последиците.

„Не мислам дека Данците ќе ги разберат последиците, ако Данска се приклучи на организираниот американски противракетен штит. Ако тоа се случи, данските бродови ќе станат цели на руските нуклеарни проектили“, изјавил Михаил Ванин за весникот „Jyllands-Posten“.

Според „Copenhagen Post“ Ванин додал дека додека таквиот потег биде „лична одлука на Данска“, „односите со Русија ќе настрадаат“ и Копенхаген ќе „загуби пари и во областа на безбедноста“.

Данскиот министер за надворешни работи Мартин Лидегард ги осуди искажаните од рускиот дипломат закани и остро реагираше.

„Ова дефинитивно е неприфатливо. Русија знае многу добро дека противракетниот систем на НАТО е со одбранбен карактер. Ние не се согласуваме со Русија за многу важни прашања, но важно е тонот меѓу нас да остане што е можно позитивен“, одговори Лидегард на коментарот на Ванин.

Слично

Поврзани вести