РУСИЈА И САУДИСКА АРАБИЈА ОТВОРААТ НОВО ПОГЛАВЈЕ: Колку пари ќе донесе соработката?
Рускиот претседател Владимир Путин се состана со кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд. Ова е прва државна посета на Русија со владејачкиот Саудиски монарх и означува ново ниво на односи меѓу земјите.
Според Кремљ, „лидерите ќе разгледуваат заеднички чекори за понатамошно развивање на билатералната соработка во трговските, економските, инвестиционите и културно-хуманитарните области".
По состанокот, двете земји започнаа заеднички инвестициски фонд за енергија вреден една милијарда долари. Фондот може да вклучи инвестиции во проекти за природен гас и петрохемиски постројки.
Саудиската државна нафтена компанија потпиша договор со Рускиот директен инвестициски фонд (RDIF) и компанија за преработка на гас и петрохемикалии Сибур на заеднички проекти во областа на рафинирање на нафта.
Двете земји, исто така, се согласија да соработуваат во нуклеарната енергија, земјоделството, информатичката технологија; трговијата, инвестициите и социјалниот развој.
„Ние имаме огромен потенцијал за развивање на соработка во нуклеарната енергија. Саудиска Арабија планира да отвори голема програма за нуклеарна енергија"- рече рускиот министер за енергија и копретседател на руско-саудиската меѓувладина комисија, Александар Новак.Односите меѓу двете земји неодамна достигнаа „суштинско ново ниво", рече Новак.
