Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија и САД тајно преговарале за Украина?

Русија и САД тајно преговарале за Украина?

Финското Минстерство за надворешни работи соопшти дека САД и Русија во јуни во таа земја одржале тајни разговори за Украина.

Портпаролот на финското Министерство за надворешни работи Веса Хакинен рекол дека тоа министерство помогнало во организацијата на состанокот на островот Бојсто кај јужниот брег на Финска, но не сакал да објави други детали.

Во почетокот на овој месец, финскиот претседател Саули Нинијесто се сретнал со претседателот на Русија Владимир Путин и отпатувал подоцна во Украина поради разговори со шефот на украинската држава, што предизвикало шпекулации дека дејствува во име на ЕУ. Од канцеларијата на финскиот претседател пак соопштуваат дека не учествувале во тајните разговори помеѓу САД и Русија.

   
Слично

Поврзани вести