Русија и САД се договорија за хемиско оружје во Сирија
Русија и САД се согласија да вложат поголеми напори за уништување на сириското хемиско оружје. Ова го изјави американскиот државен секретар Џон Кери по завршувањето на преговорите со својот руски колега Сергеј Лавров , информираше ИТАР -ТАСС .
„Постигнавме договор за преземање на заеднички напори. Немаме никакви илузии за природата на предизвиците со кои се соочуваме " , рече Кери .
Тој истакна дека ако Сирија не ги исполни условите за кои се договориле Русија и САД , ќе бидат преземени мерки , предвидени во член 7 од Повелбата на ОН .
„Државите треба да имаат целосна поддршка на претставниците на Организацијата за забрана на хемиското оружје . Во случај на неисполнување на тие услови , ќе ги преземеме сите мерки предвидени во член 7 од Повелбата на ОН " , предупреди државниот секретар.
Инспекторите , на кои сега им претстои да се зафатат со уништувањето на сириското хемиско оружје , ќе пристигнат во земјата не подоцна од ноември оваа година , откри Џон Кери .
„Станува збор за следната задачи - да се заврши процедурата за отстранување на хемиското оружје до средината на следната година " , додаде тој .
Договорот веднаш го поздрави Шансите за политичко решавање на кризата во Сирија „значително“ се зголемуваат по објавувањето на руско-американскиот договор за хемиското оружје на Дамаск, изјави
Во куса изјава тој го поздрави шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле кој истакна дека „траен мир“ во Сирија не може да „биде постигнат преку воено решение, туку само преку политичко решение“.
Германија категорично го исклучува своето воено учество во евентуална интервенција на Западот во Сирија.
Слично
