Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија и Кина подготвуваат одговор на американскиот ракетен штит

Русија и Кина подготвуваат одговор на американскиот ракетен штит

Руската војска соопшти денес дека планира да соработува со Пекинг за намалување на заканите кои сметаат дека за нив претставува американски ракетен штит.

Ракетниот одбрамбен систем на САД ќе биде во можност да ги пресретне руските и кинески балистички ракети, што може да ја загрози нуклеарната рамнотежа и безбедност на светот, рекол генералот потполковник на рускиот Генералштаб Виктор Позникир.

Тој на безбедносниот форум во Кина ги отфрлил американските тврдења дека ракетниот штит е наменет за одбрана од заканите од Северна Кореја и Иран.

Според неговите зборови, целта на поставување на ракетен систем на САД е можност да се нападне било која земја без страв од одмазда.

Позникир рекол дека Русија и Кина одржуваат воени вежби на ракетните одбрани на оваа и следната година.

Слично

Поврзани вести