Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија и Кина обединети против доларот

Русија и Кина обединети против доларот

Русија и Кина се обединуваат во борбата против доларот како главна резервна валута, тврди американскиот трговски екперт Рус Винтер.

Москва и Пекинг веќе го релизираат првиот дел на планот, што е насочен кон хегемонија на доларот на светските пазари. Тактиката, како што потенцира Винтер е доларот максимално да се „тргне“ од меѓународните плаќања, а Русија и Кина да ги зајакнат своите валути благодарение на купувањето злато.

Москва драстично ги поттикнува трансграничните уплати во рубљи, а истовремено ги ограничува доларските уплати. Пекинг пак, полека преоѓа на директна размена на јуанот во евра, фунти и јени.

Кина повеќепати го зголеми увозот на злато и сега повеќе купува отколку што произведува. Според Винтер, колку е поголема златната подлога на јуанот, со тоа слабее улогата на доларот како главна резервна валута.

Планот на сојузниците, потенцира Винтер е едноставен – постепено зголемување на конвертибилноста на рубљата и јуанот, зголемување на нивната улога во меѓународната трговија, а потоа негово истиснување во својство на резервна валута.

Народната банка на Кина уште во 2009 соопштила дека доминацијата на една валута во светот доведува до голем ризик за ширење на криза. Властите а РФ веќе предложија рубљата да биде резервна валута.

Сега овие две економии во развој се спремаат заедно да ги остварат плановите за зајакнување на рубљата и јуанот, тврди Винтер. Според неговото мислење, САД, со нивото на државниот долг кој изнесува скоро 110% од БДП, нема да може да одговори на овој предизвик.

Слично

Поврзани вести