Русија и Кина ќе прават своја кредитна агенција наспроти „големата тројка“ од Запад
Русија и Кина ќе формираат нова агенција за меѓународен кредитен рејтинг „Универзал кредит рејтинг груп“, која ќе биде конкуренција на западните агенции.
„Воспоставувањето на ваква агенција е во последна фаза и подготвена е за предизвикот од западните и американските агенции кои во моментов доминираат“, најави управниот директор на „РусРејтинг“, Александар Овчиников.
Првите оценки на новата агенција ќе се појават во 2015 година, а информациите ќе се дефинираат во седиштето во Хонг Конг.
Аналитичарите истакнуваат дека агенцијата е креирана како реакција на банкрот инвестициските фондови на САД, кои претходно, во 2007 година од три западни кредитни агенции добиле „неразумно високи кредитни рејтинзи“.
Голем број американски обврзници во 2008 година имале оценка ААА- што е и највисока можна оценка со што вложувањето во нив се оценува како безбедно.
Веднаш потоа било откриено дека станува збор за т.н. „балони“. Грешната проценка била обелоденета по кризата на второкласни хипотекарни кредити.
Русите и Кинезите сметаат дека западните агенции за проценка на кредитниот рејтинг во своето работење често мешаат и политика.
Веста за формирањето нова агенција се појави откако агенцијата „Фич“ одлучи да го симне рускиот рејтинг на ниво БББ или малку над „ѓубре“, во групата со Индија и Турција.
И другите западни агенции го направиле истиот чекор откако полуостровот Крим одлучи да се припои кон Русија.
Москва тогаш го критикуваше „политички мотивираното спуштање на кредитниот рејтинг на земјата“.
Слично
