Русија и “Исламска држава“ – главните закани за безбедноста на Западот
НАТО ги смета Русија и организацијата "Исламска држава" за главните закани за безбедноста на Западот, но "со Русија се уште може да се зборува, и покарј инвазијата во Украина". Ова го изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен во говорот пред Carnegie Europe во Брисел.
"Русија ги смета НАТО и Западот во најширока смисла за нејзин противник. Русија ги почитуваше сите правила и обврски, кои го задржаа мирот во Европа и надвор од неа по крајот на Студената војна ... од Молдавија до Грузија, а сега и Украина. Русија користи економски притисок и воени дејства за предизвикување на нестабилност, за создавање на конфликти ", коментира Расмусен.
Тој забележува исто така дека главниот ризик поврзан со "Исламска држава", е "извоз на терористи". "Тие ќе имаат корист од секоја можност да ги поткопаат нашите вредности", вели генералниот секретар на НАТО.
"Ние сме на фронтот на една нова битка - нова битка помеѓу толеранција и фанатизам, меѓу демократија и тоталитаризам, меѓу отворени и затворени општества. Во оваа нова ера на немири и ревизионизам ние треба да бидеме силни и треба да стоиме обединети како движечка сила за слобода ", вели Расмусен во својот говор.
Тој сепак нагласува дека двете закани се различни. Според него Русија се обидува да создаде еден "замрзнат" конфликт во источна Украина, за да се спречи пристапот на земјата во ЕУ или НАТО.
Тој, сепак ја исклучи употребата на сила како начин за решавање на конфликтот во Украина.
"Не мислам дека Русија претставува непосредна закана за сојузниците од НАТО", коментира уште Андерс Фог Расмусен, нагласувајќи дека "вистинскиот пат напред е изнаоѓање политичко решение".
Против "Исламска држава", шефот на Алијансата ја препорача употребата на сила, опишувајќи ја коалицијата предводена од САД, во состав Данска, Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија, како и Австралија, Канада и Турција, како "коалиција на желбата" .
Расмусен додава дека ОН исто и дала право на НАТО да ги нападне џихадистите, за да се запре "геноцидот во Ирак и Сирија". Тој ги повика ОН да направат повеќе за "конфликтните градење на државните структури, за да се спречи она што се случи во Либија, откако НАТО го собори стариот режим".
Расмузен, исто така ја опиша Турција како непоколеблив сојузник. Што се однесува до можноста за независна Шкотска, тој истакна дека ако Шкотланѓаните гласаат за независност, ќе треба одново да аплицираат за влез во Алијансата.
К.К.

Слично