Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија и Иран ќе разменат авиони за дронови

Русија и Иран ќе разменат авиони за дронови

Според советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, Русија и Иран наводно подготвуваат голема размена на борбени авиони за беспилотни летала.

Со тоа, Техеран за прв пат во последните неколку децении ќе добие нови борбени авиони, додека Русите ќе имаат беспилотни летала веќе тестирани во нападите врз базите на Централното разузнавање на Блискиот исток, пишуваат светските медиуми.

Иранската војска веќе обучувала руски офицери за користење беспилотни летала, кажале официјални лица на Пентагон, додека 18 борбени авиони Су-35, наводно се подготвени за испорака на властите во Иран.

„Нашите информации сугерираат дека иранската влада се подготвува да испорача неколку стотици (дронови), вклучително и верзии способни да носат оружје“, изјавил Саливан за новинарите.

Според медиумите обуката на руските војници започнала на почетокот на јули, додека руски експерти најмалку во два наврати ја посетиле новоотворената тајна база на беспилотни летала во околината на Техеран.

Иранските власти претходно потврдиле дека единиците задолжени за управување со беспилотни летала на двете армии размениле неколку посети во изминатите години, според агенциите.

Слично

Поврзани вести