Русија и ги отстапува системите на ракетната противодбрана на Белорусија
Министерството за одбрана на Русија потпиша договор за отстапување од ракетниот систем S-300 земја-воздух на Белорусија, пренесуваат руски агенции.
„Сите одлуки донесени порано се наоѓаат во овој договор. Сега се зависи од Белорусија. Штом Белорусија го потише договорот, ракетниот систем ќе биде испорачан“, рече вчера заменик директорот на руската Федерална служба за воен0техничка соработка Константин Бириулин.
Системите S-300 се креирани со цел да ги зачуваат важните постројувања од воздушни напади. Можат да ги погодат метите на далечина од 300 километри и по шест мети одеднаш. Авторот на овој систем е московскиот концерн PVO „Almaz-Antej“.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу после состанокот со белорускиот колега Јуриј Задобин, најави дека во октомври Русија планира да им даде четири S-300 ракетни системи на Белорусија.
