Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА: И Америка учествува во шверцот на нафта од ИСИС

РУСИЈА: И Америка учествува во шверцот на нафта од ИСИС

Русија ги обвини САД дека учествуваат во нелегалниот шверц на нафта од Исламската држава, прикривајќи ја Турција.

Овие обвинувања доаѓаат откако официјален Вашингтон рече дека тоа што турците го купуваат од ИСИС е „безначајно количества нафта“.

„Кога американските државни претставници тврдат дека не знаат како нафтата на терористите се шверцува кон Турција, тоа не е дури ни неискреност туку желба да се прикријат такви дела“, се вели во соопштението на руското министерство за одбрана.

Од руското министерство бараат од САД да ги прегледаат снимките од беспилотните летала над нафтените зони на турско-сириската граница.

Инаку, Русија пред една недела објави снимки, за кои велат дека се доказ за шверцот со нафта, во кој го обвинија и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство.

Турскиот претседател пак категорично ги демантираше сите обвинувања и најави негова оставка ако се докаже спротивното.

Слично

Поврзани вести