Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија гради пловечка нуклеарна централа

Русија гради пловечка нуклеарна централа
Првата пловечка нуклеарна централа „Академик Ломоносов" ќе биде изградена до 2016 година од Балтичкиот Институтот во Санкт Петербург. Тоа ќе овозможи да се обезбеди енергија,  греење и вода за пристанишниот  град со 200.000 луѓе,за  индустриската зона и нафтената платформа на Арктикот, пишуваат украинските медиуми. Изградбата на пловечката нуклеарна централа Русија почна во 2007-мa. Започна во фабриката Севмаш во Северодвинс, но по една година се пресели во Санкт Петербург. Некои проекти беа напуштени поради недостаток на средства. Но, во декември 2012 година изградбата продолжи по потпишувањето на договорот меѓу Балтичкиот институтот и Росенеггоатом. „Ние мора да ја предадеме пловечката нуклеарна централа во септември 2016 година. Сега е период на подготовка, за купување опрема, материјали. Наскоро ќе го вградиме реакторот", соопшти на 6.  Меѓународен поморски саем, генерален директор на Институтот, Александар Вознесенски. Според него, развојот на пловечки нуклеарни технологии се користени при градење на нуклеарните кршачи на лед кои над 50 години ги поминаа тестовите во суровите услови на Арктикот. Електраната исто така ќе најде примена во оддалечените области на северо-истокот на Русија и на Далечниот Исток. Овие области се соочуваат со недостаток на енергија, кој го попречува нивниот развој. „Академик Ломоносов" ќе има дел по вода тежок 21.500 тони, должина на овиј дел ќе биде 144, а ширината 30 метри. Екипажот ќе се состои од 69 луѓе. Пловечката нуклеарна централа ќе има свој мотор, а властите најавуваат дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за безбедност.
Слично

Поврзани вести