Русија гради мост кон Крим вреден три милијарди евра!
Русија ги почнува подготовките за изградба на мост до Крим, објави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Се проценува дека проектот ќе чини околу три милијарди евра, а целта е полуостровот и физички да се поврзе со руска територија, без да се преминува преку Украина.
„Ни треба мост за автомобили, но и за возови“, нагласи Путин.
Во моментов, единствената врска на Крим со Русија, доколку не се преминува украинска територија, е авионската или преку морскиот теснец Керч, широк 4,5 километри, преку кој поминуваат траекти.
Но, возовите и натаму мора да поминуваат низ украинска територија. Рускиот министер за транспорт Максим Соколов вели дека се разгледува и варијантата да се изгради подводен тунел.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев ја потпиша одлуката за транспортно поврзување со Крим, а задачата ја довери на државната компанија БТП, која треба да го изработи проектното решение.
Слично
