Русија го смени Суровикин, Герасимов ќе раководи со силите во Украина
Русија назначи нов командант на заедничките сили во Украина.
Министерство за одбрана објави дека Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските сили е назначен за нов командант на здружените сили во Украина.
Русија пред неколку месеци го назначи Сергеј Суровикин, но сега следи негова смена.
„Суровикин ќе остане заменик на Герасимов“, објави Министерството за одбрана.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров претходно го критикуваше Герасимов. Кадиров изјави дека преговори со Украина не смее да има.Инвазијата на Украина, Русија ја почна на 24 февруари лани.
Сега се појавија збунувачки информации за тоа кој има контрола на Соледар. Двете страни имаат различни информации.Претходно, Суровикин го нарекуваа суров и брутален генерал, но сега се случи негова смена.
фото Ројтерс
Слично
