Русија го осуди рушењето на спомениците во балтичките земји
Министерството за надворешни работи на Русија го осуди рушењето на спомениците од советската ера во балтичките земји како „русофобично“ и рече дека тоа ќе влијае на билатералните односи.
Според Ројтерс, Москва во остра изјава ги обвини Латвија, Литванија и Естонија за ксенофобија и дискриминација, велејќи дека тие ги третираат етничките руски малцинства како „луѓе од втор ред“.
„Ова што сега се случува во балтичките земји за нас е неприфатливо и секако ќе влијае на состојбата на билатералните односи со овие земји кои и онака се во целосен пад“, соопштија од руското МНР.
Отстранувањето на советските споменици во балтичките земји започна откако Русија ја нападна Украина.
Слично
