Русија го ограничува бројот на странците за пазарот на труд
Русија ќе го ограничи бројот на странците на пазарот на труд од 1 јануари 2016 година. Наредбата во таа насока веќе е потпишана од премиерот Дмитриј Медведев, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.
Според властите во земјата одлуката ќе помогне за контрола во однос на привлекувањето на странски работници во одделни економски сектори, земајќи ги предвид регионалните специфичности на пазарот на трудот.
Причината е приоритетно да бидат назначувани руски граѓани за соодветните позиции.
Во извршување на наредбата Владата веќе го преполови бројот на странците кои можат да работат во транспортната сфера на Русија. Во 2016 година квотата на странските работници во овој сектор ќе биде 213,9 илјади луѓе, што претставува 77,6% од квотите за 2015 година.
Намалени се и работните места, кои можат да бидат пополнети од странци во земјоделството, во спортот итн. Нулта квота пак е прогласена за фармацевти, како и за продавачи на објекти за трговија на мало.
