Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија го ограничи и пристапот до Твитер, а за „лажни вести“ за војската ќе следи затвор

Русија го ограничи и пристапот до Твитер, а за „лажни вести“ за војската ќе следи затвор

Русија го ограничи и пристапот до социјалната мрежа Твитер, објавија руските медиуми.

Според руското регулаторно тело за комуникации, Роскомнадзор, пристапот до таа социјална мрежа е ограничен на барање на Обвинителството. Претходно е блокиран и Фејсбук. 

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се гонат авторите на „лажни вести“ за војската. Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми.

Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска казна до три години. Доколку лажната вест се шири како дел од „организирана група“ или е придружена со фалсификување докази, максималната казна се зголемува на 10 години затвор.

Доколку ширењето на лажни информации предизвика сериозни последици, сторителите ќе добијат казна затвор до 15 години. 

Слично

Поврзани вести