Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА ГО МЕНУВА ФОКУСОТ: Нема да настојува на брзо освојување на нови делови од Украина

РУСИЈА ГО МЕНУВА ФОКУСОТ: Нема да настојува на брзо освојување на нови делови од Украина

Најновите разузнавачки информации достапни за американските и западните претставници укажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе не е фокусиран на брзо освојување на нови делови од Украина, туку привремено го префрлил својот фокус на консолидирање на контролата врз веќе окупираните територии и стабилизирање на руската економија, која е под притисок.

Ова е пресврт во однос на претходните проценки на разузнавањето.

Стејт департментот соопшти дека ја менува „методологијата на својот придонес“ во преговорите и дека повеќе нема да „лета низ светот по првиот повик“ за состаноци.

Русија ја почна војната со барања за денацификација, демилитаризација на Украина, признавање на независноста на Доњецк и Луганск, а потоа целите ги сменија, односно рекоа дека сакаат ослободување на Донбас. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести