Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија го бојкотира самитот за нуклеарна безбедност!

Русија го бојкотира самитот за нуклеарна безбедност!

Русија им порача на САД дека ќе  го бојкотира Самитот за нуклеарната безбедност во 2016, поради политичките природи на тој собир, соопштија денеска неименувани дипломати.

Претставниците на Москва не беа присутни на минатонеделната седница во Вашингтон посветена на планирањето на Самитот, но остана нејасно дали Русија планира на тој собир да присуствува, рекле дипломатски извори за агенцијата АП.

Двајца претставници, повикувајќи се на дипломатска нота од Москва, соопштиле денеска дека бојкотот ќе се однесува и на состанокот во 2016 година.

Еден од дипломатите рекол дека нотата содржи противење на Русија на одржување на Самитот поради неговите наводно политички природи.

Русија смета дека било каков состанок за нуклеарната безбедност треба да биде одржан на техничко ниво, и дека домаќинот не треба да биде одредена држава туку Меѓународната агенција за атомска енергија, наведува истиот дипломат.

Русија учествуваше на слични Самити во минатото, а дипломатот кој е запознаен со ставот на Москва, рекол дека таа веќе ја изразила резервираноста, на минатиот состанок во Хаг во март.

Дипломатот не ги прецизирал причините, но додава дека „изменетата политичка атмосфера“, накратно напнатоста помеѓу Русија и САД влијаела на одлуката на Кремљ да не присуствува на состанокот.

Во министерството за надворешни работи на Русија во Москва не одговориле веднаш на барањето на американската агенција за коментар.

На последниот Самит 35 држави членки разговарале за прераснување на меѓународните насоки за нуклеарна безбедност во законите за покренување на процедурата за заштита на нуклеарните инсталации низ независна контрола.

На Самитот исто така е разговарано за новата иницијатива за намалување на нуклеарното наоружување, а Јапонија, Италија и Белгија прифатиле да ги намалат своите залихи на високозбогатен ураниум и плутониум.

Русија одбила да ја поддржи американскара иницијатива, како и Кина, Индија и Пакистан.

Самитите ги покрена претседателот на САД Барак Обама во 2010 година со цел спречување на терористите да дојдат во посед на нуклеарен материјал.

Претставниците кои говореа во понеделникот рекоа дека освен Русија, сите 54 држави кои учествувале на мартовскиот Самит присуствувале на подготвителниот состанок во Вашингтон.

Слично

Поврзани вести