Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА ГЛАСНО СЕ ПОФАЛИ: Вежбавме „нуклеарни напади со Искандер“, да знаете

РУСИЈА ГЛАСНО СЕ ПОФАЛИ: Вежбавме „нуклеарни напади со Искандер“, да знаете

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили вежбале симулирани нуклеарни ракетни напади во Калининград.

Областа припаѓа на западната енклава, која се наоѓа помеѓу Полска и Литванија.

Според соопштението, се практикувале симулирани „електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи „Искандер“ со нуклеарна способност, пишува „Гардијан“.

Руските сили практикуваа единечни и повеќекратни напади врз замислени цели - ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и непријателски командни пунктови.

Се додава дека по извршувањето на „електронските“ лансирања, воениот персонал извршил маневар за промена на позицијата за да се избегне „можен контранапад“.

Борбените единици вежбаа и „акции во услови на радијација и хемиска контаминација“. Според руското Министерство за одбрана, во вежбата учествувале повеќе од 100 војници.

Русија ги стави своите нуклеарни сили во состојба на висока борбена готовност веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на специјалната воена операција во Украина на 24 февруари.


Слично

Поврзани вести