Русија ги прекина испораките на гас за Украина
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ ја прекина испораката на гас за Украина. Причината е дека Киев не успеал да обезбеди аконтации за уште сино гориво.
Шефот на компанијата Алексеј Милер изјавил дека од 7 часот по Гринич украинската „Нафтогас“ веќе користи гас, за кој си платила и „не биле направени нови плаќања“, пренесе AFP. Тој додаде и дека одбивањето на Киев да купи руски гас претставува „сериозен ризик“ за транзитот на синото гориво кон Европа преку Украина.
Уште вчера рускиот министер за енергија Александар Новак предупреди дека снабдувањето ќе биде запрено. Тој додаде дека Москва може да престане со испораките на јаглен за Украина поради прекинот на струјата за анексираниот полуостров Крим. Новак ги обвини украинските власти за политички мотивирана саботажа, бидејќи два дена по бомбашкиот напад на далноводите сѐуште не е обновена струјата за над еден милион жители на полуостровот.
Во периодот од октомври 2015 до крајот на март 2016 година соработката помеѓу „Гаспром“ и „Нафтогас“ се развива врз основа на зимскиот гасен пакет, кој е парафиран од Русија, Украина и ЕК на 25-ти септември.
Документот предвидува дека „Нафтогас“ задолжително мора да купи од „Газпром“ сино гориво во вредност од 500 милиони долари. Оваа сума е доделена во кредит, привлечен со помош на ЕК. Украина веќе го има имплементирано својот ангажман на „Гаспром“, според последните податоци, 542 милиони долари осигурување.
