Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ги откажа сите летови над Египет

Русија ги откажа сите летови над Египет

Рускиот претседател Владимир Путин се согласи со препораката на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), дека сите летови над Синајскиот Полуостров треба да бидат запрени, додека тече истрагата за несреќата на „Airbus“ A321 на авиокомпанијата „Когалимавиа“.

Ова го објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руските медиуми.

„Шефот на државата се согласи со овие препораки. Путин наредува владата да изработи механизми за спроведување на овие препораки на ФСБ, како и да се обезбеди враќањето на руските граѓани (лоцирани во Египет)“, посочил Песков за новинарите.

Претходно директорот на ФСБ, Александар Бортников најавил дека според него е императив да бидат прекинати летовите на руската авијација на територијата на Египет до воспоставувањето на вистинските причини за трагедијата со „А321“.

„Треба да добиеме целосно објективни и проверени податоци за причините за несреќата. Ова е потребно за истрагата за причините за несреќата, како и за информирање на јавноста“, истакнал Бортников.

Во меѓувреме беше јасно дека египетската армија распоредила специјални делови на аеродромот на египетското летувалиште Шарм ел Шеик, каде во саботата полета за последен пат „Ербас А321“ на „Когалимавија“ со 224 патници.

Слично

Поврзани вести