Русија ги опомена Шведска и Финска што ќе се случи ако влезат во НАТО
Не влегувајте во НАТО, им порача Русија на Шведска и Финска.
Русија ги предупреди овие две земји дека нивниот потенцијален влез во НАТО, кон кој и двете земји се поблиску од почетокот на руската инвазија на Украина, нема да придонесе за стабилноста на Европа.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека „НАТО останува сојуз фокусиран на конфронтација“, пишува BBC News.
Претходно денеска, лондонскиот Тајмс, повикувајќи се на свои извори, објави дека прво Финска би можела да поднесе барање за членство во јуни, а потоа и Шведска, јави ТАСС. Владите на Шведска и Финска, соработувале на постигнување консензус, но, конечна одлука ќе донесе независно, секоја држава сама за себе.
Инаку, Русија е против влез на Украина во НАТО. Во Украина веќе 47 дена има војна.
Слично
