Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ги евакуира предавниците од Херсон, вели украински функционер

Русија ги евакуира предавниците од Херсон, вели украински функционер

Украина oбјави дека рускиот повик за напуштање на Херсон е всушност „депортација“.

Член на украинското регионално собрание на Херсон Серхеиј Хилан изјави денес дека повикот на проруските официјални лица до населението на Херсон да го напуштат тој регион и да одат во Русија е „депортација“. Вели дека евакуацијата што ја најавува Салдо е евакуација за предавниците кои сакаат да ги однесат во Русија.

Владимир Салдо, кого Москва го постави за шеф на Хесонската област откако руските сили го освоија Херсон на почетокот на војната во Украина, побара од владата да помогне во преместувањето на цивилите, по напредувањето на украинските сили на југ, наведува Ројтерс. 

Поголемиот дел од Херсонската област падна под руска контрола во првите денови од рускиот напад на Украина.

„Окупаторите сфаќаат дека нема да можат да издржат уште долго, особено на десниот брег на реката Дњепар и во градот Херсон“, изјави Хлан.

Украинците сакаат да го вратат Херсон по секоја цена. Украинската армија за еден месец успеала да ослободи повеќе од 600 населени места, од кои 75 се лоцирани во Херсонскиот регион, јавува Гардијан . Најголемиот дел од нив, или над 500, се ослободени во Харкивскиот регион.  Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести