Русија фрли фосфорни бомби врз Азовстал?
Украина тврди дека Русија фрлила фосфорни бомби врз фабриката за челик Азовстал во градот Мариупол. Но, оваа информација не може да се потврди независно.
Фосфорните бомби се палат кога се во контакт со кислород и предизвикуваат огромна штета. Нивната употреба во населени места е забранета со меѓународното право.
Изворот на фотографиите не е познат, но рускиот текст на оружјето гласи: „Калуша, како што се бара! До Азовстал“, а англискиот дел: „Помогни му на Мариупол – Помогни му на Азовстал сега“ со датум 14 мај.
Русија ја исфрлија и не дозволија годинава да учествува на Евровизија, а Украина синоќа победи.
Од НАТО велат дека победата на Украина на Евровизија покажува поддршка од јавноста за таа земја. Фото : Твитер - Индустрискиот комплекс „Азовстал“ до Мариупол
Слично
