Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА: ЕУ го задржува непријателскиот курс

РУСИЈА: ЕУ го задржува непријателскиот курс
ЕУ покажа дека не е подготвена за го промени својот непријателски курс оставајќи ги економските санкции за Русија, соопшти руското министерство за надворешни работи. ЕУ по состанокот во понеделникот соопшти дека во моментов нема услови за било какво ублажување на санкциите за Русија и дека тоа може да се случи само доколку  дојде до подобрување на ситуацијата на терен во Источна Украина, пренесе „Ројтерс“. „Тоа само го потврдува фактот дека ЕУ и понатаму останува неподготвена да го промени својот непријателски курс или да понуди објективни проценки на акциите на властите во Киев“, се наведува во соопштението објавено на веб сајтот на министерството. Сидуруте на истокот во Украина не се смируваат, а како што соопштуваат претставниците на ДНР во изминатите 24 часа биле убиени 40 украински војници и биле уништени два тенка. Според податоците на Обединетите нации, во конфликтот во Украина , кој започна во април минатата година, до сега загинале повеќе од 4.700 цивили, а повеќе од 10.000 биле ранети.
Слично

Поврзани вести