Русија е следна, најава за нови мерки за контрола на капиталот
Ако се земе во предвид големината на сивата и црната економија во Русија, која достигнува меѓу 50 и 65% од бруто и домашниот производ (БДП), како и фактот дека само во 2012 година од земјата се одлеани нелегално околу 50 милијарди долари, најверојатно нема да биде изненадување ако администрацијата на претседателот Владимир Путин одлучи да воведе рестрикции врз паричните трансакции.
Како што пишува весникот „Russia Beyond The Headlines“, Русија може да ги забрани порамнувањата во готовина за купување над 300 илјади рубљи (околу 10 илјади долари) од 2015 година, иако првично од 2014 година ова ограничување ќе важи за договори над 19,500 долари.
Весникот пишува дека ќе биде наметнато и задолжително плаќање преку банкарски трансфер на сите плати (во моментов исплатата на „плата на рака“ во Русија изнесува 15% од БДП на земјата). Така владата ќе се обиде да истера на светло барем дел од сивата економија. Во исто време, ќе биде проширен и обемот на кешовите резерви на банките.
Изгледа руското раководство сфаќа дека границите на досегашната монетарна политика се постигнати и дека сега промената на правилата, ограничувањето на слободите, па дури и директна конфискација се единствениот начин за зачувување на системот.
Иронично во случајов е тоа што токму примената на новите правила може да биде катализатор на политичките промени, бидејќи најпогодени ќе бидат домаќинствата од средната класа.
Според податоците на руското Министерство за внатрешни работи и Националниот комитет за борба против корупцијата во Москва годишниот износ на перење пари во Русија изнесува меѓу 115 и230 милијарди долари или околу 60% од федералниот буџет, пишува весникот.
Слично
