Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА Е СКЕПТИЧНА: Дали примирје за нив е прифатливо?

РУСИЈА Е СКЕПТИЧНА: Дали примирје за нив е прифатливо?

Властите во Русија веруваат дека привременото примирје со Украина ќе биде лажно и ќе придонесе земјата да се вооружи.

За помошникот на рускиот претседател Владимир Путин за меѓународна политика, Јури Ушаков, на Русија ѝ е неопходно долгорочно, а не имитација на мировно решение, кое нема да ги содржи легитимните руски интереси. Ушаков му го пренел на американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.

„Јас ја изложив нашата позиција дека предлогот не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската војска, ништо повеќе... Нашата цел е долгорочно мировно решение, мировно решение кое ќе ги земе предвид нашите легитимни интереси. Ми се чини дека такви чекори кои само имитираат мировни акции никому не му се потребни во оваа ситуација“, изјави Ушаков.

Претходно, Ројтерс објави дека Русија му претставила на Вашингтон листа од неколку барања за крај на војната, без да посочи кои, иако неофицијално се работи за старите услови да нема членство за Украина во НАТО, распоредување странски сили и меѓународно признавање на Крим и четирите анектирани украински региони. 

Украина се сложува за примирје. Војната трае повеќе од три години и американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ако таа продолжи, ќе биде страшно. Украинската и американска делегација деновиве имаа состанок во Џеда во Саудиска Арабија. 

Слично

Поврзани вести